Поранешен албански фудбалер: УЕФА не смееше да дозволи да бидеме со Србија во група, бидејќи има многу омраза меѓу овие два народа

Србија и Албанија се најдоа во иста група во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година кое ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Ждрепката донесе буквално бурни реакции кај нашите два соседи. Поранешниот албански репрезентативец Адријан Алај, не беше задоволен од исходот на ждрепката во Цирих и тоа што УЕФА дозволи тие да се најдат во група со Србија.

„Србија не требаше да биде во нашата група, поради спортски и политички причини. Таму сум малку поблиску од вас и можам да ви кажам дека натпреварот со Албанија не е нормален. Тоа е нешто надвор од фудбалот. Нема мир меѓу Албанците и Србите. Тоа ќе биде многу тензичен меч, со омраза, тежок за играње, Србите имаат квалитет да не победат и во Албанија и во Србија нас“, вели Алај. 

Се вчитува...