Поранешен ас на Сити призна дека се повредил во тек на сексуален однос

Поранешната ѕвезда на Манчестер сити, а сега познат аналитичар Мика Ричардс призна дека во текот на кариерата имал бизарна повреда која ја добил за време на секс.

Не можел  да открие како ја добил, па се преправал дека сето тоа се случило на тренинг. Повредите му ја прекинаа кариерата на 31 година, но сега како аналитичар исто така добро се снаоѓа.

Неговите анегдоти од студиото со Тјери Анри, Џејми Карагер и Кејт Абдо се прераскажуваат, а по признанието на Ричардс што го имаше во една од емисиите, сега ќе биде уште поголема мета за шега на колегите.

Тој откри како лажирал повреда на тренинг за време на неговата фудбалска кариера.

„Тоа беше повреда за време на секс. Не знам дали ми е дозволено јавно да го кажам тоа, но, нема да навлегувам во детали, но да, се забавував и додека го правев тоа паднав од креветот. Ја испружив ногата и ги повредив препоните“, изјави Ричардс. 

Се вчитува...