Поранешниот дански репрезентативец Ники Нилсен кој во кариерата настапуваше и за Вилајреал заврши во затвор поради кражба во продавница во вредност од 20 евра, откриваат данските медиуми.
Триесетишестгодишникот кој зад своето име има три настапи за данската фудбалска репрезентација му се заканувал на продавачот дека ќе му ја скрши вилицата по што бил задржан од негова страна додека не дојде полицијата. Тој е уапсен поради кражба на интант супа, сок и вино во тетрапак.
Ова не е прв инцидент на Нилсен кој пред десет години заврши во затвори поради напад на полицаец во Копенхаген, беше осуден и за физички напад над својот агент, а потоа учествуваше и во масовна тепачка на Божиќ при која беше и пукано кон него. Неодамна заработи и пријава за физички напад над својата партнерка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА