Поранешниот европски шампион во скок во височина Александер Шустов е суспендиран на четири години поради кршење на правилата за допинг, објави Европската атлетска федерација. Европскиот шампион од 2010 година пред три години се повлече од атлетиката, но надлежните органи секако реагираа и му забранија учество на сите натпреварувања до 2024 година во случај да сака да се врати.
Во пресудата на Судот за спортска арбитража во Лозана се наведува дека Шустов користел недозволени супстанци. Исто така на него му се бришат сите резултати постигнати во 2013 и 2017 година, што го вклучува и седмото место на Светското првенство во Москва и четвртото место на Европското првенство во сала. Во соопштението не се наведува за која недозволена супстанца се работи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА