Се уште се шпекулира за вчерашниот пенал со кој Аргентина поведе со 1-0 против Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Катар.
За едни е исправна одлуката на италијанскиот судија Даниеле Орсато, а за други е голема грешка која го одлучила целиот меч. Аргентина поведе со 1-0 против Хрватска со голот на Лионел Меси од пенал во 34. минута, откако Доминик Ливаковиќ, според италијанскиот судија, направил прекршок врз Јулијан Алварез.
Одлуката на италијанскиот судија жестоко ја прокоментира и поранешниот судија на ФИФА, Мексиканецот Фелипе Рамос Ризо, кој работи како аналитичар на ЕСПН. Првиот беше „непостоечкиот пенал“ изјави Рицо, а потоа го објасни својот став.
„Ве молам, ова не е пенал. Хрватскиот голман стои, а Аргентинецот паѓа. Ова се важни податоци за кои не требаше да се досуди пенал: десната нога на голманот е постојано на земја, а контактот е неизбежен поради инерцијата. Контактот е неизбежен“, изјави Рицо.
Datos importantes por lo que no se debió sancionar penal:
El pie derecho del portero siempre está en el piso, el contacto es inevitable por la inercia de la jugada, el balón. Nunca existe zancadilla el contacto es inevitable. pic.twitter.com/dY5X3ifG3R— Felipe Ramos Rizo (@ramosrizo) December 14, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА