Поранешен француски репрезентативец и екс член на Севиља и Монако, заврши во втората лига на Турција

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Висам Бен Једер потпиша договор со турскиот второлигаш Сакарјаспор, објави клубот денес.

„Нашиот клуб постигна договор со Висам Бен Једер. Му посакуваме многу успех во нашиот зелено-црен дрес “, се вели во соопштението на тимот од Сакарја, кој моментално е на 15-то место во турската втора лига.

Бен Једер (35) е без клуб од летото минатата година откако го напушти Монако, а во април накратко потпиша за иранскиот Сепахан СЦ.

Францускиот напаѓач, кој одигра 19 натпревари и постигна три гола за „триколорите“ помеѓу 2018 и 2022 година, се соочува со повеќе правни процеси во Франција.

Во ноември 2024 година, тој беше осуден на двегодишна условна казна затвор за сексуален напад, на која тој поднесе жалба. Минатата недела беше казнет со 90.000 евра за психолошко насилство врз неговата сопруга, со која е во процес на развод, додека обвинителството во Ница побара судење во мај за обвиненија за силување од 2023 година.

Се вчитува...