Поранешен фудбалер доби 11 години затвор поради шверц на кокаин

Поранешниот фудбалер на Саутемптон, Портсмут и Реал Сосиедад, Џон Виафара е осуден на 11 години затвор поради криумчарење на кокаин во САД.

Колумбискиот фудбалер во ноември минатата година го призна делото. Виафара во кариерата има настапувано за премиерлигашите, Саутемптон, Портсмут, како и за шпанскиот Сосиедад. За репрезентацијата на Колумбија забележа 34 настапи.

Се вчитува...