Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џеј Емануел-Томас е сослушан откако му беше запленет канабис на аеродромот Стенстед.
Поранешниот фудбалер е приведен и испрашуван од службениците на Националната агенција за криминал под сомнение дека се обидел да внесе дрога вредна 600.000 фунти.
Тој беше уапсен во Инверклајд нешто по 8 часот наутро во средата во операција поддржана од полицијата на Шкотска. Тој беше однесен преку граница во Карлајл на сослушување.
Апсењето дојде откако офицерите на граничните сили открија 60 килограми дрога во вредност од околу 600.000 фунти во два куфери кога летот од Бангкок пристигна во Стенстед на 2. септември. Уапсени се и две жени на возраст од 28 и 32 години.
На Емануел-Томас му е одреден притвор и се очекува да се појави пред судија во четврток, на 19. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА