Поранешен фудбалер на Евертон добил покана да војува во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин пред две недели најави делумна воена мобилизација, како одговор на контраофанзивата на украинската војска во деловите од земајта кои беа под руска окупација.

Првиот спортист кој доби покана за во војска е фудбалерот Динар Билјалетдинов. Поранешниот фудбалер на Евертон и руски репрезентативец во кариерата настапуваше 46 пати за националниот тим, а беше дел од репрезентацијата која освои европска бронза во 2008 година.

„Динар ја доби поканата. Тешко е да се зборува за она што го чувствуваме. Точно е дека не служел војска, но својата воена обврска ја исполнил на поинаков начин, служел војска на спортски терен. Единствено не ми е јасно како тој како 37-годишен е повикан во војска ако законот вели дека се повикуваат во мобилизација луѓе до 35 години“, праша Ринат, таткото на Динар.

Се вчитува...