Поранешниот напаѓач на Јувентус и Наполи, Микеле Падовано е ослободен од обвиненијата за продажба на дрога, пренесуваат италијанските медиуми.
Педесет и шестгодишниот Италијанец беше уапсен во 2006 година под сомнение дека препродавал хашиш. Обвинителството побара затворска казна од 24 години, но тој е осуден на шест години и осум месеци.
Претходно Падовано го укина обвинението во Касациониот суд, а сега во апелациониот суд беше ослободен од обвинението.
„Пред 16 години светлината во мојот живот згасна. Денеска темнината се расчисти, за малку ќе ослепев, но повторно ми се стопли срцето и се расплакав. Им благодарам на правдата, на адвокатите, на сопругата, на синот и на сите кои секогаш веруваа во мене“, изјави Падовано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА