Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Арсенал, Џермејн Пенант се појави во утринската емисија на „Скај спорт“ во пијана состојба.
37-годишникот беше повикан како аналитичар во утринската програма, но буквално не успеа ништо да каже. Од Скај спортс брзо реагираа и веднаш го прекинаа преносот, а Пенант беше повлечен од програмата.
„Џермејн Пенант беше гостин во утринската емисија. Поради неговото недолично однесување мораше да биде тргнат од емисијата“, стои во соопштението на Скај спортс.
Некогаш важеше за еден од најталентираните англиски фудбалери, но неговиот опуштен живот го чинеше поголема кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА