Поранешниот голман на Динамо Киев, Артур Рудко бил приведен на граница, во обид да ја напушти Украина, пишуваат украинските медиуми.
33-годишниот чувар на мрежата веднаш бил испратен во центарот за обука на украинските вооружени сили, каде поминува основна воуна обука.
Последен клуб на украинскиот голман беше Черноморец Одсе, кој го напушти на крајот од минатата сезона. Освен во Динамо, бранеше и во Говерла, Металист Харков, Лех Познањ, беше и во Шахтјор Доњецк пред да замине во Черноморец минатата година.
Рудко има настапи за младите селекции на Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

