Поранешен играч на Барселона и Атлетико доби условна казна затвор

Поранешниот играч на Барселона и на Атлетико Мадрид, Арда Туран, беше прогласен за виновен поради даночни кривични дела во Шпанија, и осуден на една година условен зтворе.

Судот пресуди дека екс турскиот репрезентативец е виновен по две дочки од обвиниението за даночна измама во 2015 и 2016 година. Тој е казнет со 630.000 евра.

Туран дојде во Барселона во 2015 година од Атлетико Мадрид. Играше за „Каталонците“, а потоа беше испратен на позајмица во Башакшехир, а подоцна се приклучи на Галатасарај, каде во 2022 година ја заврши кариерата.

Во моментов Туран е тренер на турскиот второлигаш Ејупсор.

Се вчитува...