Фудбалската јавност на „островот“ денеска беше погодена од нова трагедија, откако беше обелоденето дека поранешниот член на Манчестер јунајтед, Лијам Милер, починал губејќи ја битката со тешката болест.
Пред само три месеци беше обелоденето дека Милер болува од рак, а откако интензивните терапии не вродија со плод, неговиот живот рано утринава згасна, на 36-годишна возраст.
Лијам Милер беше член на Селтик, од каде направи трансфер на „Олд трафорд“ во 2004 година. Иако не се снајде најдобро во дресот на „црвените ѓаволи“, тој потоа направи добра кариера настапувајќи за Лидс јунајтед, Сандерленд и Хибернијан, во меѓувреме играјќи и 21 натпревар за националната селекција на Република Ирска.
„Сите во Лидс јунајтед сме длабоко погодени од веста за смртта на нашиот поранешен фудбалер Лијам Милер. Искрено сочувство до неговото семејство и пријателите“ – порачаа од раководството на Лидс јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА