Мохамед Ихатарен, холандскиот играч е блиску до премин во Ајакс од Јувентус како позајмен играч. Нема ништо сенационално од веста, со оглед дека Ихатарен не ја доби потребната шанса во тимот од Торино. Меѓутоа е интересно тоа што овој играч во минатото бил дел од ривалот на Ајакс, тимот на ПСВ Ајндховен, за кој Ихатарен настапуваше па дури и во младинските категории.
Навивачите на ПСВ се многу бесни од овој потег на Ихатарен, со оглед дека кога страдаше од депресија, фановите и тимот му ја даде целосната поддршка, а сега тој им „забива нож во грб“ со овој трансфер.
Според реакциите на социјалните мрежи, може да се забележи дека навивачите на ПСВ се многу лути на Ихатарен за овој трансфер. Ако се комплетира, ќе биде интересно да се види како Ихатарен ќе игра против својот некогашен тим.
Инаку договорот треба да биде позајмица до крајот на сезоната со можност за откуп од Јувентус. Јувентус лани го плати Ихатарен 2,5 милиони евра од ПСВ, па го испрати на позајмица во Сампдорија, каде што исто така немаше минутажа. Се шпекулираше дека имал семејни проблеми, и дека често се враќал во Холандија, па така Јувентус сега се ослободува од него без ниту еден настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА