Поранешниот играч на Вардар, Тигран Барсегјан е одбран за игра на сезоната во шампионатот на Словачка, откако со неговиот тим Слован Братислава дојде до титулата.
Ерменецот кој го носеше дресот на Вардар две години, од 2016 до 2018 година, до ова признание стигна благодарение на гласањето од страна на сите фудбалери и тренери во словачкиот шампионат.
Барсегјан го победи екс словачкиот репрезентативец и поранешен фудбалер на Милан Јурај Куцка, кој му е соиграч.

Барсегјан во 2018 година го напушти Вардар, а потоа играше за Каисар, Астана, а од 2022 година е дел од Слован Братислава. Играше за Ерменија на последниот пријателски меч против Македонија во Струмица, кој заврши со победа на Македонија 3-1.
Се очекува Барсегјан да биде предводник на ерменскиот национален тим и во овогодишната Лига на Нации, каде Ерменија е во група со Македонија. Првиот меч се игра во Скопје на 10. септември, а реваншот во Ереван на 13. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

