Поранешниот младински репрезентативец на Израел, Ата Џабер, настапи за репрезентацијата на Палестина во ремито без голови против Либан во квалификациски натпревар, прв откако започна воениот судир со Израел.
Џабер, кој има израелско државјанство и во минатото беше дел од младинските селекции на Израел и капитен на селекцијата до 21 година, сега настапи за Палестина и предизвика вистинска бура во Израел.
Џабер доби и бројни смртни закани преку социјалните мрежи, од неговиот поранешен клуб Ашдод побараа да му се одземе израелското државјанство а реагираше и неговиот поранешен соиграч од младата репрезентација, Јонатан Коен.
„Срам ми е што ми беше капитен во репрезентацијата до 21 година. Ја делевме соблекувалната повеќе од една година и добро се согласувавме, а сега дознавам дека ти би бил среќен доколку јас и моите колеги умреме“ – изјави напаѓачот на Макаби Тел Авив.
Џабер во моментов настапува за азербејџанскиот Нефчи Баку, а откако ги минал младинските селекции на Израел, не добил повик од сениорите, па се одлучил да ја промени репрезентацијата и да настапува за Палестина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА