Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје но и на белградски Партизан, Урош Луковиќ огласувајќи се преку социјалните мрежи „удри“ на странците кои во моментов настапуваат во црно-белиот дрес.
Кошаркарите на Партизан дефинитивно минуваат низ криза откако најпрво учеството во Евролигата го завршија на скромното 12. место, а потоа со вчерашниот пораз од Будуќност во Подгорица го загубија лидерското место во АБА лигата.
По мечот во „Морача“, каде што црно-белите беа поразени и паднаа на второто место на табелата, зборуваше и поранешниот центар на Партизан, Урош Луковиќ, кој беше и македонски шампион во дресот на МЗТ Скопје во 2016 година, а веднаш потоа две сезони настапуваше за Партизан.
Во пораката на својот Инстаграм профил Луковиќ беше сосема јасен:
„Вања, Балша, Лакиќ, другите не заслужуваат да го носат дресот на Партизан“.

Да потсетиме, тренерот Жељко Обрадовиќ по испаѓањето од Евролигата најави дека „ќе мора да донесе некои одлуки“, но се уште не соопштуваат детали околу играчкиот кадар. Партизан дотогаш во финалето на регионалното натпреварување влегува со разнишана самодоверба, но и со големи очекувања на јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

