Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ продолжува да биде во центарот на вниманието кај медиумите на нашиот северен сосед за одлуката за го отстрани Милош Теодосиќ од списокот на патници за Евробаскетот.
И покрај тоа што страстите на момент се смирија, на социјалните медиуми се појави ново видео од братот на Милош, Јован Теодосиќ кој во сезоната 2010/11 броеше настапи за МЗТ Скопје, на приватна забава низ песна ужива во навредите на искусниот селектор.
Јован е во друштво на поранешниот прв човек на КК Металац од Ваљево, Бошко Џукановиќ кој со погрдни стихови го навредува човекот кој и донесе на Србија злато на Светското првенство во Индијанаполис 2002 година.
— zoranceran (@zoranceran2) September 5, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА