Алекса Раданов е нов кошаркар на Партизан, објави клубот. Поранешниот играч на Баерн ќе им се придружи на своите нови соиграчи по нивното враќање од Милано, каде што се соочуваат со Олимпија во Евролигата.
Пред Баерн, Раданов играше за Црвена Звезда, чии јуниорски категории ги помина, а беше дел и од ФМП, Мега, Игокеа, додека во странство ја проба среќата во Полска Легија, Руна Баскет од Москва и грчки Перистери.
Повремениот српски репрезентативец може да ги покрива позициите два и три што ќе биде одлично за тимот на Пењароја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

