Поранешен македонски репрезентативец ја заврши кариерата

Некогашниот лев бек на македонската репрезентација Александар Лазевски, официјално стави крај на кариерата. Окткоа во последните седум години настапуваше во пониските лиги на Србија во дресот на ОФК Вршац, неговиот матичен клуб, се одлучи да ги закачи копачките на клин.

Лазевски одигра 15 натпревари за репрезентацијата на Македонија во период од 2010 до 2013 година. Претходно играше и за младата селекција 12 пати. Во својата клупска кариера најблескавицте моменти ги имаше во дресот на Партизан, со кој играше во групната фаза во Лигата на шампионите. Исто така настапвуаше за младите категории на „црно-белите“, кога на 17 години ја прифати понудата да игра за Македонија.

Своето деби Лазевски го имаше на 3. септември 2010 година против Словачка во квалификациите за ЕП 2012 година, а последниот настап го имаше во квалификациите за СП 2014 година на дуелот со Велс.

После Партизан, замина во украинска Говерла, а потоа играше и за Рад, Олимпија Љубљана, Младост Лучани, Слобода Тузла, а од 2018 година е дел од Слобода Вршац каде во еден момент ја вршеше и улогата на спортски директор на клубот.

Се вчитува...