Поранешен македонски репрезентативец поднесе тужба против турски клуб

Поранешниот македонски репрезентативец Ердал Ракип, е причината што турскиот тим Анталијаспор во следниот преоден рок нема да може да прави трансфери. Швеѓанецот со македонско потекло го тужеше во ФИФА турскиот тим поради неисплатени обврски во висина од 100.000 евра, што придонесе закана дека тимот нема да може да прави трансфери.

Ракип, кој во моментов е слободен агент, во Анталијаспор беше од 2023 до 2025 година, и има побарувања за неисплатени обврски. Претходно беше дел од Малме, од каде замина во Турција, а беше дел и од Бенфика и Кристал Палас.

Од турскиот клуб исткануваат дека во текот на идната недела ќе ги подмират сите обврски, и со тоа клубот ќе биде одблокиран.

Ракип за Македонија одигра два натпревари. И покрај желбата на Благоја Милевски да го вклучи во националниот тим, сепак, според неговите зборови, самиот тој одбил да игра повеќе за Македонија. Во минатото настапуваше за младинските селекции на Шведска.

Се вчитува...