Албанскиот репрезентативец Таулант Сефери (порано Сулејманов) за албанските медиуми зборуваше за бројни теми, а во центарот на вниманието беа квалификациите за Светското првенство.
Ждрепката сакаше Албанија да игра против Србија, нешто за кое зборуваше и Сефери. За потсетување дека овој фудбалер во минатото настапуваше во дресот на македонската репрезентација, а потоа се реши да смени спортски пасош.
– Задоволни сме што имаме толку силен ривал. Сакаме да излеземе на теренот и да дадеме се од себе. Се надевам дека ќе ги направиме Албанците горди – рече Сефери и додаде:
-Одиме во Србија да се надигруваме. Веќе реков дека мора да имаме ладна глава и запалено срце. Секогаш сонувам за гол против Србија. Нема да се занимавам со провокации, ако даде Господ, ќе постигнам гол и ќе ги израдувам нашите навивачи – изјави Сефери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА