Поранешниот НБА кошаркар кој своевремено важеше за еден од најдобрите бекови, Гилберт Аренас е уапсен во Соединетите американски држави под сомнение дека раководел со нелегален бизис за обложување.
Станува збор за покер игри во кои се вложувале голема сума на пари и се одржувале во вила во западен Холивуд чиј сопственик е Аренас. За потребите на игрите биле ангажирани хостеси, конобари, вооружано обезбедување и кувари.
Обинението против Аренас е започнато „за завера за водење на нелегален бизнис за обложување како и давање на лажни искази на федералната полиција“ и доколку биде прогласен за виновен му се заканува долга затворска казна.
Ова не е прв пат поранешниот кошаркар кој на врвот на кариерата беше дел и од вториот тим на сезоната да се соочи со правдата. Во 2009 година беше уапсен поради закани со огнено оружје во соблекувалната на Вашингтон по што следеше рапиден пад на кариерата која ја заврши во Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

