Поранешниот НБА кошаркар Теренс Вилијамс е осуден на 10 години затвор поради милионски измами со здравственото осигурување. Неговиот случај бил дел од широката истрага на полицијата, која опфаќаше 18 поранешни НБА играчи. Досега 13 од нив признале вина, а некои наместо затворска казна добиле условна казна или работа за општо добро.
Вилијамс своевремено беше 11 пик на драфтот, а во текот на кариерата играше за Њу Џерси Нетс, Бостон, Хјустон и Сакраменто. Кариерата ја заврши во 2013 година.
Тој се товари дека со измама, во која биле вклучени и неколку здравствени работници, се стекнал со корист од 5 милиони долари. Ќе му бидат одземени 650.000 долари, а ќе мора да плати и 2,5 милиони долари поради измамата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

