Поранешен НБА кошаркар почнува боксерска кариера

Мајкл Картер-Вилијамс кој беше најдобар дебитант на годината во НБА за 2014 година, стана боксер на 33-годишна возраст и веќе ја има првата закажана борба во потенцијално нова спортска кариера.

Сите кои ја следат најсилната лига во светот во последните десет години многу добро знаат кој е Картер-Вилијамс.

Како 11. пик на драфтот во 2013 година беше избран од Филаделфија, а една година подоцна, по навистина одлична сезона, беше прогласен за најдобар дебитант со просек од 16,7 поени, 6,3 асистенции и 6,2 скока.

Сепак, неговата кариера не беше толку успешна како првата сезона. По две сезони во Филаделфија, тој помина една година во Милвоки, потоа една година во Чикаго, Шарлот, Хјустон, а најдолго остана во Орландо – три сезони.

Во 2023 година стави крај на својата НБА кариера во Меџик. Малку подоцна играше во Мексико, во клубот Мексико Сити Капитанес, кој и официјално е последен клуб во неговата кариера.

Се вчитува...