Поранешен НБА кошаркар призна: Играв пијан

Поранешниот НБА кошаркар Лу Вилијамс подобро познат како еден од подобрите шестти играчи во историјата на најсилното кошаркарско првенство откри интересен детал од својата кариера.

На подкасот „ The Underground Show“ тој откри дека додека настапувал за Лос Анџелес Клиперс одиграл натпревар се уште мамурен од луда забава ден претходно.

„Имавме пладневен натпревар во Њујорк. Ноќта претходно бев во еден бар и испив неколку пијачки. Беше околку 10:30 часот и само што сакав да излезам од вратата и да одам во хотелот група на жени влегоа па се занесов. 

Во тој момент се свестив и си велам јас сум професионалец мора да пијам кокосова вода. Морав да донесам одлука. Или ќе се правам дека сум пијан или ќе му ја кажам на некој вистината и ќе останам па ќе справам со суспензијата подоцна“, открива Вилијамс.

Следниот ден дури и му се исповедал на тренерот Док Риверс…

„Дојдов до Док Риверс и му велам „Док, морам да ти ја кажам вистината“. Со Док имавме таков однос. „Многу сум пијан. Претерав. Жал ми е, но мислам дека нема да можам да играм“

Но, наместо очекуваната поштеда добил друг одговор.

„Ќе ја играш целата втора четвртина бидејќи треба да го испотиш алкохолот од тебе. Ќе ми требаш да последната четвртина“, одговорил Риверс.

Во последната четвртина Вилијамс постигна 15 поени и ги предводеше Клиперс до триумф.

Се вчитува...