Првиот пик на овогодинешниот НБА драфт Виктор Венбањама со голем интерес беше пречекан од страна на љубителите на кошарката во Соединетите Американски Држави. Многумина веруваат дека 226 сантиметри високиот Французин ќе биде иднината на најсилното кошаркарско првенство, но еден од нив не е Глен Дејвис.
Освојувачот на шампионскиот прстен во Бостон во 2008 година е еден од првите кои јавно го критикува младиот талент.
„Дечкото изгледа како Бамби. Како бебе жирафа. Не сум сигурен дека е подготвен за напорите кои ги носи НБА“, вели Дејвис.
Венбенјама во Летната лига настапи на само два натпревари, а по катастрофалниот прв меч успеа да го поправи впачатокот со дабл-дабл учинок од 27 поени и 12 скокови на кои додаде и три блокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

