Спортскиот директор на Динамо Москва, Жељко Бувач би можел да стане следниот тренер на српскиот шампион Црвена звезда.
Како што пренесува „Спортклуб“, Барак Бахар сигурно ќе остане на клупата до крајот на првиот дел од сезоната, но може да има промени пред вториот дел. Тоа би значело доаѓање на поранешниот помошник на Јирген Клоп од Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул кај европскиот шампион од 1991 година.
Како што додава споменатиот портал, Бувац е желба на техничкиот директор Марко Марин, кој не сака Владан Милојевиќ да се врати на клупата на Звезда по заминувањето на српскиот стручњак од Аполон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА