Поранешниот претседател на Интер, Ернесто Пелегрини почина денеска, на денот кога неговиот клуб ќе го игра финалето од Лигата на шампионите во Минхен. „Нероаѕурите“ тажната вест ја објавија на својата официјална веб-страница.
Пелегрини кој беше успешен бизнисмен од Милано, беше претседател на Интер 11 години – од 1984 до 1995 година, кога му го продаде клубот на исто така легендарниот Масимо Морати.
Тој почина на 84 годишна возраст.
„Претседателот Ернесто Пелегрини не напушти. Единаесет години го водеше Интер со мудрост, чест и одлучност. Остави неизбришлива трага во историјата на нашиот клуб. Сите „нероаѕури“ изразуваат сочувство до неговото семејство“, пишува на веб-страницата Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

