Поранешен рагби играч не се сеќава на својата кариера

Француската рагби ѕвезда Себастиен Шабал, кој освои две титули во „Шест нации“ и играше во полуфинале на Светското првенство, рече дека не се сеќава на ниту една секунда од кариерата поради бројните потреси на мозокот.

„Не се сеќавам на ниту една секунда од ниеден рагби натпревар што сум го одиграл. И не се сеќавам на ниту еден од 62. натпревари што ги одиграв за националниот тим. Не се сеќавам на ниту еден момент“, рече Шабал.

Тој има титула и во англиската лига, но не се сеќава ниту на тој момент.

„Кога зборувам за тоа дома со сопругата, и кажувам дека имам впечаток дека не сум играл рагби. Мислам дека не сум јас тој што играв рагби, особено затоа што не се сеќавам на тие моменти”, заврши Шабал.

Се вчитува...