Поранешен ракометар на Пелистер ќе игра против Македонија на СП

Кубанскиот бек, Рение Табоада кој играше за битолски Пелистер, а сега е член на данската Фредериција се наоѓа на поширокиот список на ирачи кои селекторот на Холандија, Штафан Олсон ги селектираше за настап на Светското првенство во Хрватска, Данска и Унгарија.

Холандија е еден од противниците на ракометната репрезентација на Македонија во Прелиминарната фаза од мундијалот, па нашите избраници ќе се сретнат со поранешниот ас на битолски Пелистер.

Покрај Холандија, Македонија на шампионатот ќе се сретне и со Унгарија и Гвинеја.

Се вчитува...