Полската полиција го приведе поранешниот полски фудбалски репрезентативец Томаш Клос (51) поради сомнение за даночна измама и проневера, јавуваат локалните медиуми.
Веста за апсењето на Клос прв ја објави порталот ТВП.Инфо, а информацијата ја потврди и портпаролот на Обвинителството во Варшава, Пјотр Скиба. Апсењето на Клос, наводно, е дел од поголем случај.
„Истрагата се однесува на фискален криминал, даночна измама и неправилности на сметките за ДДВ. Случајот е под надзор на Окружното обвинителство во Варшава“, се вели во соопштението.
Поранешниот дефанзивец забележа 69 настапи за полската репрезентација и постигна шест гола. Учествуваше на Светското првенство во Јужна Кореја и Јапонија во 2002 година. Тој освои три национални првенства, едно со ЛКС Лоѓ и две со Висла Краков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА