Поранешен руски репрезентативец доби 100 часа друштвено корисна работа, откако претепа судија

Поранешниот руски фудбалер Роман Широков е казнет со 100 часа друштвено корисна работа поради напад на судијата Никита Данченко на аматерскиот турнир кој се играше во август годинава.

Поранешниот репрезентативец на Русија реагираше остро бидејќи не му беше досуден пенал. Данченко му покажа црвен картон, што дополнително го разбесни 39-годишникот. Следуваше физички напад по што тој му нанесе на судијата неколку удари.

Широков 2016 ја заврши професионалната кариера во ЦСКА Москва, а надобрите денови од кариерата ги имаше во Зенит. Покрај за руските гиганти играше и за Истра, Сатурн, Рубин, Химки…

Се вчитува...