Поранешниот селектор на Словенија, Борис Дениќ, е еден од кандидатите да го преземе кормилото на македонскиот ракометен шампион, Е. Пелистер, пренесуваат словенечките медиуми.
Словенците пишуваат дека 58-годишниот Дениќ е сериозен кандидат да го наследи Рубен Гарабаја кој неодамна се повлече од клупата на битолчани.
До крајот на година, според одлуката на клубот, екипата ќе ја води Звонко Шундовски, по што и дефинитивно треба да биде именуван новиот тренер.
Дениќ во својата тренерска кариера бил селектор на Словенија и Саудиска Арабија, а долгогодишен тренер на бројни словенечки клубови, но и катарскиот Ал Кијада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

