Поранешниот колумбиски велосипедист Марлон Алирио Перез Аранго, некогашен светски јуниорски шампион на друмски трки, бил нападнат во четвртокот вечерта додека возел на улица во источна Антиокија. Според првите информации, пренесени од Ел Колумбијано, среде расправија маж го ранил со нож во вратот, од кој во петокот во раните утрински часови починал во болница.
Настаните се случиле кога пензионираниот велосипедист минувал низ споменатиот простор, а од засега непознати причини се скарал со друго машко лице кое побегнало од местото на настанот, при што спортистот бил тешко повреден.
Според извештаите, работниците од итната помош веднаш го префрлиле во болницата Сан Хуан де Диос, каде што се обиделе да го оживеат, но тој веќе пристигнал без витални знаци поради сериозноста на повредите.
Началникот на полицијата, полковник Карлос Андрес Мартинез, изјави дека „утврдено е дека лицето кое било во контакт со Перез било пронајдено на јавно место во текот на попладневните часови и подоцна, откако поранешниот велосипедист
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА