Поранешен УФЦ-борец украл 53 милиони фунти од банка, осуден на 25 години затвор

Ли Мареј не успеа да направи одлична кариера во УФЦ, па се одлучи на нечесна заработка, кражба и криминал. Мареј е талентиран борец кој очигледно немал среќа да се претвори во успешен спортист, затоа што пораснал во опасно маало во Англија и како дете морал да научи да се бори за да преживее.

Поранешниот професионален борец научил и нешто што не му треба, а тоа е како да стане крадец, па во 2006 година со неверојатен разбојнички тим „олесниле“ банка за 53 милиони фунти.

По овој настан Ли заминал во Мароко, каде трошел пари со години, но полицијата успеала да го уапси и завршил зад решетки во 2009 година. Тој во неколку наврати упатувал жалби до судот, но без успех, па сега останува да одлежува казна затвор од 25 години.

Се вчитува...