Љубомир Врањеш од денеска повеќе не е тренер на Веспрем, а веднаш по официјализацијата на информацијата за неговото заминување се појавија и првите шпекулации околу можните наследници.
Според дел од унгарските медиуми, фаворит за нов стратег на Веспрем е за нас познато лице, поранешниот помошник на Раул Гонзалес од Вардар, Давид Дејвис. Овој стручњак извесно време седеше на клупата на женскиот клуб, подолг период му беше десна рака на Раул во машката екипа на „вардарци“, а кога клуб како Веспрем ќе покаже интерес, јасно е дека Дејвис многу сериозно ќе размисли за да го прифати најголемиот предизвик во досегашната тренерска кариера.
Дејвис неодамна го напушти стручниот штаб на руската репрезентација за да стане селектор на Египет, но „фараоните“ сигурно нема да му пречат доколку во меѓувреме најде тренерски ангажман во врвен клуб како Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА