Поранешен „вардарец“ кој играше Лига на Европа стави крај на кариерата

Украинскиот фудбалер Евгениј Новак стави крај на професионалната фудбалска кариера.

Новак најдобрите денови во кариерата ги имаше во најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, во кој играше пет години од 2015 до 2020 година.

Новак беше дел и од тимот на „црвено-црните“ кој во 2017 година испиша историја откако обезбеди пласман во Лигата на Европа.

Покрај за Вардар Новак во кариерата настапуваше и за Севастопол, Волин и Колос.

Се вчитува...