Поранешен фудбалер на Ливерпул заврши во затвор

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дин Сандерс доби затворска казна во траење од десет седмици поради поради одбивање на алкотест откако бил запрен од полиција во месец мај.

Поради тоа била подигната тужба против Велшанецот, по која добил казна затвор од десет седмици, а по излегувањето нема да смее да управува автомобил во следните десет месеци.

Сандерс кариерата ја почна во Свонси. Во премиер-лигата три сезони беше дел од Астон Вила, а за тимот на Ливерпул настапуваше во сезоната 1991/92 каде на 42 натпревари постигна 11 гола.

 

Се вчитува...