Поранешна атлетичарка со голема исповед: „Неговите прсти одеа таму кај што не треба“

Поранешната американска атлетичарка Кара Гушер објави автобиографија наречена „Најголемата трка“ во која ги раскажува ужасните детали за злоставувањето што го претрпела од тренерот Алберто Салазар.

Таа пред неколку години го обвини својот тренер за сексуален напад, а сега ги откри грозоморните детали од ужасниот чин.

„Алберто беше толку моќен и никој друг ништо не се сомневаше. Мислев дека нема шанси така да ме допира, дека е само лош масер, но навистина бев парализирана, не знаејќи што да кажам или како да прифатам тоа што ми се случува. Последен пат го почувствував неговиот прст оди таму каде што не требаше да оди, се чувствував толку непријатно што го напуштив проектот Орегон и никогаш не зборував за тоа. Не го напишав ова за да ја разнесам индустријата и да засрамам многу луѓе. Чувствувам дека може да биде подобро за следните генерации“, вели Гушер.

Инаку, Гушер е освојувачка на два светски и олимписки сребрени медали на 10.000 метри.

Се вчитува...