Поранешна атлетичарка стана претседател на Фудбалската федерација на Канада

Поранешната атлетичарка Чармејн Крукс е привремен претседател на Канадската фудбалска федерација. Крукс е првата Канаѓанка која настапила на пет Олимписки игри, а во последните две години беше потпретседател на Канадската фудбалска федерација. Синдикатот е во центарот на вниманието поради контроверзноста за родовата еднаквост, по што претседателот Ник Бонтис пред неколку дена ненадејно поднесе оставка.

Во февруари федерацијата западна во криза откако женската репрезентација се закани дека ќе го бојкотира меѓународниот турнир во САД. Канадските фудбалерки, актуелни олимписки шампионки, се заканија дека ќе протестираат поради проблемите со платите, финансирањето и договорите, барајќи еднакви услови со мажите.

„Ги знам и ги разбирам повиците да се поправи ова. Уверена сум дека ќе можам да направам вистински напредок за сите наши национални селекции, па се до најмладите“, изјави Крукс.

Крукс која освои сребрен медал во штафетата 4×400 метри на ЛОИ во Лос Анџелес во 1984 година е поранешен член на Меѓународниот олимписки комитет, каде што служеше во Комисијата за спортисти.

Се вчитува...