Лука Дончиќ со причина е тема број 1 во НБА лигата денеска, поради спектакуларната партија на вчерашниот меч со Атланта во кој постигна нестварни 73 поени, по што стана само трет играч со најголем број поени на еден НБА меч по Чембрлејн и Брајант.
Оваа партија на Словенецот предизвика многу реакции од сегашни и поранешни играчи, а жестоко реагираше екс кошаркарот на Бостон, Пол Пирс.
Некогашниот НВА ас ја критикуваше одбраната која постоеше на мечот кој заврши со победа на Далас 148-143.
„Ми недостасува времето кога се играше одбрана во НБА лига. Не можам да верувам дека во иста недела бев сведок на два натпревари со 70 и повеќе поени на некој играч. Оваа е лига е луда“, изјави Пирс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

