Поранешна НБА ѕвезда доби доживотна суспензија во кинеската лига

Американскиот кошаркар Тај Лоусон доживотно е суспендиран од кинеската ЦБА лига поради објавување експлицитна содржина на Инстаграм профилот. Плејмејкерот на Фуџијан на социјалните мрежи сподели фотографија од стриптиз бар со опис „Кинеските добро се спуштаат“. Лоусон најголем впечаток во НБА остави во Денвер Нагетс за кој играше од 2009 до 2015 година, а беше член и на Хјустон Рокетс, Индијана Пејсерс, Сакраменто Кингс и на Вашинтон Визардс.

 

Се вчитува...