Поранешна НБА ѕвезда: Леброн МВП? На погрешен човек му ја дадоа наградата

Кошаркарската репрезентација на Соединетите американски држави го освои петтото последователно злато на Олимписки игри триумирајќи и во главниот град на Франција. Наградата за најкорисен играч му припадна на легендарниот Леброн Џејмс, одлука која поранешниот НБА Ол-стар кошаркар Стефон Марбери смета дека е погрешна одлука.

Според поранешниот плејмејкер оваа наградата требала да заврши во рацете на Стеф Кари кој го предводеше САД во полуфиналето против Србија, а потоа имаше и клучна улога го завршницата против Франција.

„Му ја дадоа МВП наградата на погрешен човек. Можеби по грешка го кажаа неговото име. Во репрезентативна кошарка ако не знаете да шутирате, топката не треба да биде во вашите раце на финишот на натпреварот. Сфаќам дека за многумина Леброн е „Крал“, но ќе го кажам ова – кога ќе му го дадете тоа што не го заслужува, практично кажувате дека треба да биде награден на големата сцена поради тоа што го правел во минатото. Не, овој пат тоа не го заслужи“, напиша Марбери на својот „Инстаграм“ профил.

Се вчитува...