Поранешна НФЛ ѕвезда и тројца негови соиграчи од колеџ загинаа во тешка сообраќајна несреќа во САД

Поранешната ѕвезда на НФЛ Д.Џ. Хејден и тројца негови поранешни соиграчи од колеџ беа меѓу шесте лица кои загинаа во сообраќајна несреќа во Хјустон. Хејден и поранешните играчи на Универзитетот во Хјустон, Зак Мекмилијан и Ралф Орагву се три од шесте жртви на несреќата која се случила во 2 часот по полноќ на раскрсницата на улиците Пирс и Фанин.

Заменик-шефот на полициската управа во Хјустон Меган Хауард  изјави дека автомобил од марка „Крајслер 300“ поминал на црвено   околу 2 часот по полноќ, а потоа удрил во теренец „Акура“ во кој се наоѓале Хејден и неговите поранешни соиграчи. Инспекторите утврдиле дека возачите на двете возила изгубиле контрола. Теренецот се превртел, а на местото на несреќата загинале четири лица, меѓу кои и возачот на Крајслерот.

Уште четири лица се префрлени во болница, каде уште две починале. Едното лице се уште се бори за живот во болница, а другото разговарало со полиција.

Се вчитува...