Поранешната српска тенисерка Татјана Јечменица прерано го го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа на 47-годишна возраст.
Несреќата се случила в петокот на обиколницата околу Белград, кога се судриле патничко и товарно возило.
По брзата интервенција на пожарникарските екипи биле затекнато две лица заробени во патнички автомобил, но српската тенисерка им подлегнала на повредите.
Јечменица во својата кариера имаше најдобар пласман на 72. место на ВТА рангирањето. По завршувањето на професионалното играње ја извршуваше и функцијата селектор на националниот тим на Србија.
Во текот на кариерата освои шест челенџер титули и забележа две победи на завршните Грен слем турнири, на УС Опен во 1995 година и на Ролан Гарос следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

