Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Александра Лакрабер повторно се најде во центарот на вниманието на ракометната јавност откако по две години во пензија реши да се врати на активното играње.
Таа во 2022 објави крај на кариерата откако ја заврши сезоната со Рапид Букурешт, но сега се реши на неочекуван потег – на 37-годишна возраст ќе му се врати на ракометот, и тоа играјќи во втората данска лига.
Таа денеска потпиша договор со Рингстед, клуб од југозападниот дел на Копенхаген кој најави амбиции за влез во елитното друштво, а за остварување на таа цел денеска ја официјализираше соработката со Французинката.
„Отсекогаш сонувавме да успееме да доведеме засилување со богато искуство да помогне на нашите млади ракометарки. Сепак, да бидам искрен до неодамна никој не ни помислуваше дека ќе можеме да ангажираме ракометарка со реномето на Лакрабер“, изјави тренерот на Рингстед, Кевин Моер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА