Италијанската тенисерка Сара Ерани, вицешампионка на Ролан гарос од 2012 година, паднала на допинг – тест на почетокот на годината, пренесува „Кориере дела сера“. Навовно, во нејзиниот примерик на урина е пронајден лекот „Аримдекс“ (анастрозол) кој спаѓа под хормонски и метаболички стимулатори. Се очекува Меѓународната тениска федерација (ИТФ) наскоро и официјално да објави дека Ерани паднала на допинг – тест, а должината на суспензијата не е позната.
Во меѓувреме, 30 – годишната Италијанка одигра неколку турнири, а како што наведуваат италијанските медиуми, планира да и се обрати на јавноста, откако претходно се консултирала со своите адвокати и подготвила одбрана.
Ерани во 2013 година беше петта тенисерка во светот, играше во финалето на Ролан Гарос, како и полуфинале во Њујорк и четвртфинале во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА