Поранешна „плејбој-убавица“ во фудбалските води: Има повеќе пари од Хари Кејн, свој клуб…

Веќе се познати Пини Захави и Жорге Мендеш, највлијателните фудбалски агенти (заедно со неодамна починатиот Мино Раиола), но сериозен „пробив“ на пазарот се почесто прави жена која е прогласена за „најсекси агент на денешницата“. Нејзиното име е Анамарија Продан, која парите ги направи надвор од фудбалот, но сега се обидува да се пробие и во менаџерските води во „најважната споредна работа на светот“.

Таа пред да влезе во фудбалот работеше како модел и ТВ водителка, а веќе пред неколку години стана и менаџер. Она што е особено импресивно е дека таа е една од најбогатите агенти во овој бизнис, откако „The Sun“ објави дека нејзиното богатство е проценето на 170 милиони евра.

Бројките покажуваат дека Продан има создадено поголемо богатство од англискиот фудбалер Хари Кејн, кој заработил три пати помалку од неа. Анамарија има толку многу пари што одлучила да го купи клубот Херманштад, па таа уште во првиот нејзин мандат успеала да им го исплатил долгот од 800.000 евра.

Поранешната „зајачица“ сега сака да го преземе романскиот клуб Академика Клинчени, кој испадна од првата лига. Амбициозната менаџерка верува дека ќе успее да ги врати во елитата и да ги „помати“ сметките на многу попознати и побогати клубови, а ако ги повлече менаџерските врски – кој знае, може да ги видиме и на европската сцена.

 

Се вчитува...